Пратениците Александар Николоски, Светлана Карапетрова и Лилјана Кузмановска денеска во Собранието имаа средба со пратеникот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Рас Хиберт.
Пратеникот Николовски, кој е претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил задоволство за континуираната соработка меѓу двата парламента и благодарност до Канада што во 2007 година ја призна Република Македонија под уставното име.
Пратеникот Хиберт не средбата бил запознаен со можностите за зимскиот туризам во Република Македонија, градење на ски-центри, изградба на хотели, спа-центри, жичници. Тој, како што се посочува во соопштението, се интересирал за транспортот на стоките од Република Македонија и каков сè превоз се користи.
На средбата било посочено дека во Македонија има голем број канадски инвестиции во етаблирани компании, а постои отвореност и за други иницијативи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.