| четврток, 6 декември 2018 |

Техничкиот музеј во Загреб ќе се вика „Никола Тесла“

nikola tesla

Најпосетуваниот музеј во Хрватска, Техничкиот, од в година ќе го носи името на Никола Тесла, решил Управниот одбор на Музејот, а по предлог на градоначалникот на главниот град на Хрватска, Милан Бандиќ.

– Разговарајќи со луѓето од струката, дојдовме на идеја дека Техничкиот музеј треба да се обнови, модернизира и содржински да се збогати. А тоа, без Тесла, човекот што го осветли целиот свет не е можно – изјави Бандиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top