Жерар Пике ги загуби нервите откако му беше врачена казна за погрешно паркирање од каталонската полиција во Барселона.
Жерар и неговиот брат Марк биле застанати од полицијата поради погрешно поаркирање. Тие се паркирале на место одбележано за автобуси.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој бил дрзок кон полицајците и се заканувал дека тие ќе ја загубат работата.
– Вие сте завидливи и љубоморни. Знате дека имам пари и затоа ме казнувате. Ќе ве пријавам на на шефовите и ќе ја загубите работата – врескал познатиот фудбалер.
– Мислите дека можете да правите сè поради униформите, и тукутака да ги казнувате луѓето. Сакате да добиете и процент од казните. Јас тоа не го плаќам, нека ти плати татко ти – викал Пике и ја фрлил казната на земја.
Тој луто влегол во автомобилот и си заминал. Поради лошото однесување кон полицајците ќе добие и дополнителна пријава. Стоперот на Барселона подоцна под притисок се извинил, но и навел дека сето тоа е преувеличено.
Жерар Пике е познат по своето безобразно однесување и, секако, е лош пример за младите, чијшто идол е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


