| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола сака да го предводи Манчестер јунајтед

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола планира во иднина да стане менаџер на Манчестер јунајтед, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на еден на разговор на шпанскиот тренер и неговиот личен асистент.

Имено, во 2011 година, за време на одигрување на натпреварот Манчестер Јунајтед – Шалке, Гвардиола бил одушевен од атмосферата на „Олд трафорд“ и рекол дека сака во иднина да предводи англиски тим.

Гвардиола пред три години веќе имаше разговори со управата на Манчестер, но, сепак, реши да ја прифати понудата на Баерн Минхен.

43-годишниот Шпанец во моментов е тренер на Баерн, а претходно (2008-2012) ја предводеше Барселона до три титули во Примера, две во Лигата на шампионите, по два национални и Куп на УЕФА, две титули светски клупски првак и три шпански Суперкуп. Со Баерн има трофеи од Бундеслигата, националниот куп, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top