Министерот за правда, Аднан Јашари, на денешната прес-конфренција истакна дека покрај бракот во нацрт-амандманите за уставни измени посебно место во јавната расправа имаа и другите предлог-амандмани како тој со кој се уредува материјата за меѓународните финансиски зони, во сферата на финансиите, јавниот долг и буџетскиот дефицит и прифатени се забелешките и мислењето на Венециската комисија.
Јашари посочи дека еден од врвните приоритети на Владата е создавање нормативни предуслови за натамошно засилување на независноста на судството.
За таа цел се и предложените решенија во нацрт-амандманот со кои од составот на Судскиот совет се изоставуваат министерот за правда и претседателот на Врховниот суд како членови по функција.
-Би сакал да ве известам дека сугестијата на Венециската комисија за тоа дека членовите избрани од Собранието и предложени од претседателот на РМ не треба да бидат од редот на активните судии е прифатлива и ќе биде инкорпорирана во текстот со предлог-амандманите – изјави Јашари.
Тој додаде дека еден од најзначајните амандмани е тој со кој се уредува материјата и за уставната тужба и во тој контекст сугестиите на Венецијанската комисија е прифатено постапката пред Уставниот суд да биде уредена со соодветен закон.
Во однос на амандамните што се однесуваат на Државниот завод за ревизија и тој на Народната банка, министерот за правда истакна дека тие се поздравени и за нив нема суштински забелешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штетата е 100.000 евра, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот во Правда
-
Зградата во Министерството за правда се запалила од неизгасната цигара или решо?
-
Вети дека нема да паркира пред Министерство, но за прекршоци ништо не вети: Полна лента не се важи ако си Министер за правда? (фото)
-
ДУИ вечерва му ги испрати своите забелешки на СДСМ