| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија се надева на стабилна влада во Бугарија

Evropska-komisijaЕвропската комисија се надева дека по изборите на 12 мај Бугарија ќе биде во состојба да состави стабилна влада, која ќе може да ги увиди проблемите на граѓаните и да ги продолжи реформите во енергетиката и антимонополското законодавство, изјави во Брисел бугарскиот претседател Росен Плевнелиев по средбата со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо.

– Разговаравме за дневниот ред на следниот Европски  совет, темите се мошне важни за Бугарија, поврзани се со невработеноста, особено меѓу младите, со мерките за поддршка на растот и вработеноста, нагласи Плевнелиев.

Со Барозо разменил информации за ситуацијата во Бугарија и тоа што ќе се случува понатаму. Плевнелиев нагласи дека Бугарија добила целосна поддршка од ЕК за достојниот начин на кој се справила со предизвиците, согласно Уставот и законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top