| четврток, 6 декември 2018 |

Секој трет сосед шпионира

Половина од луѓето знаат кое време нивните соседи се враќаат дома, десетици од нив гледаат низ прозорецот, а некои луѓе одат дотаму што гледаат низ клучалката

spijuniranje

Секој трет човек редовно го шпионира својот сосед, а половина од нив знаат кога одат и се враќаат од работа. До тие информации најчесто не се доаѓаат како резултат на добрососедските односи, туку десетици од нив гледаат низ прозорец, а некои одат дотаму што ѕиркаат низ клучалката, според една студија направена на Универзитетот „Јејл“ на повеќе од 2.000 луѓе. Шпионирањето најчесто го практикуваат пензионерите и оние кои многу време поминуваат дома, а здодевноста и љубопитноста се најчести причини.
Освен општите работи, тие што шпионираат, добро се упатени и во приватните работи на соседите.

Една од тактиките на шпионирање, гледајќи низ прозорецот зад завесата во затемнета соба, секој трет ќе ја примени ако го слушне звукот на автомобилот или  каква било друга врева што доаѓа од надвор.

Работи што соседите најчесто ги забележуваат:

  • промени во домот
  • нов автомобил
  • времето на пристигнување и на заминување на работа
  • вообичаеното однесување
  • доаѓањето непознати посетители
  • скарани соседи
  • испорака до врата на соседите
  • можноста за принова кај соседите
  • ѕиркање во ќесите на соседите

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top