| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок на интернет: Почна да ми плаче за бившата, сакаше фотографии од ќерка ми…

Дека закажувањето состаноци на интернет не е така наивно покажуваат искуствата на овие луѓе кои за малку ќе се „изгореле“ во животот, а нивните искуства веројатно ќе ви ги отворат очите.
Devojka-za-laptopom-sedi-u-kaficu

1. Излегов со едно момче со кое веќе извесно време разговаравме на интернет. Изгледаше сосема нормално (добра работа, интелигентен, забавен). Кога се видовме, првото прашање што ми го постави беше дали сум за анален секс. Се запрепастив. По првата пијачка почна да ми плаче за поранешната девојка. По таа вечер го избришав од контактите.

2. Запознав едно момче кое ми изгледаше сосема нормално. Отидовме во кино, а тој цело време ми зборуваше колку ми се секси стапалата. За време на филмот ме праша дали може да ми го цица палецот?. Му одговорив „дефинитивно не“. Неколку минути подоцна се обиде на сила да го стави мојот палец во неговата уста. Му удрив шлаканица и побегнав.

3. Апликцијата за состаноци на интернет ја имав само еден ден затоа што личноста која ме контактираше преку апликацијата ми постави прашање дали може да маструбира врз моите чорапи…

4. Моето прво емотивно искуство по разводот…Запознав маж кој што бараше од мене да му испратам фотографии од мојата ќерка, по што веднаш ги прекинав контактите со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top