| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ја почна расправата за Буџетот за 2015 година

собрание

Собранието на Република Македонија ја почна расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2015 година во рамки на 18 седница.
Предлогот пред пратениците го образложува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Буџетот во наредната година, според Ставрески, и натаму ќе го поддржува стопанството и стандардот на граѓаните преку одвоените средства за капиталните инвестиции и преку зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци.
Приходите во државаната каса во 2015 година се проектирани на 163.280 милијарди, расходите на 181.777 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 21.209 милијарди денари.
Расправата по предложениот дополнет буџет за 2015 година, според Деловникот на Собранието, трае пет дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top