| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната Амбасадата на Албанија во Подгорица

am alb cgТри лица се уапсени под сомнение дека фрлале камења врз Амбасадата на Албанија во Подгорица. Инцидентот се случил во 10 часот и 30 минути. Напаѓачите носеле качулки, а прозорците на амбасадата се искршени. Од Амбасадата на Албанија е потврден инцидентот, но никој не сакаше да го коментира настанот. алб ам цг

Весникот „Победа“ пренесува очевидци дека три лица кои биле под дејство на алкохол прво со камења ги скршиле стаклата на ресторанот кој се наоѓа во приземјето на објектот. Откако ги превртеле сите украсни цвеќиња и ги искршиле сите прозорци, еден од тројцата приметил дека амбасадата се наоѓа на вториот кат, по што почнале наново да кршат со камења, посочил очевидец.
Неофицијално, еден од напаѓачите бил поранешен полицаец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top