| четврток, 6 декември 2018 |

Курдите слават, џихадистите ги губат позициите во Кобане

Kurdish-Islamic State conflict KobaneБорците на Исламската држава се повлекуваат од стратешкиот град Кобане, објавија курдски официјални лица.

Идрис Насан за Би Би Си вели дека џихадистите изгубиле контрола над околу 20 отсто од градот во последните неколку дена.

– Пред неколку дена ИСИЛ контролираше околу 40 проценти од градот, но сега помалку од 20 проценти е под нивна контрола. Денес нашите сили почнаа операција за чистење на источниот и југоисточниот дел на Кобане, вели Насан.

Американската војска верува дека убила  неколку стотини џихадисти во воздушните напади во и околу градот, соопшти Пентагон.

Зголемениот број на напади на коалицијата под водство на САД е последица на засиленото делување на милитантите во регионот, но покрај тоа заканата градот да падне во рацете на ИСИЛ се уште постои.

Репортерот на Би Би Си Касра Наџи, кој се наоѓа недалеку од Кобане вели дека меѓу курдските паравоени сили владее голем оптимизам и увереност дека можат да ги истераат џихадистите од градот за неколку дена. Исто така репортерот тврди дека коалициските сили целат на една локација во градот што може да сугерира дека тоа можеби е последно градско упориште во рацете на исламистите.

Битката за Кобане се смета за голем тест на коалицијата, односно дали можат силите само со воздушни удари да ги натераат џихадистите на повлекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top