| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Нема абортус во јавните болници, заради „Приговор на совест“

ginekologАбортусите во Хрватска се прават илегално во приватни ординации и често за големи суми пари ги прават гинеколозите кои во јавните болници се повикуваат на совест. Сите гинеколози од болницата „Св.Дух“ се повикале на совест, па ниеден од нив не врши абортус на барање на жените. Со тоа оваа јавна болница е петта, заедно со оние во Нашици, Винковци, Книн и Пожега, каде воопшто не се вршат абортуси. Состојбата е критична и во сплитската болница. Во неа, каде гравитира целата сплитско далматинска жупанија, абортуси врши само еден гинеколог, додека 21 вложиле „приговор со повикување на совест“. Бидејќи сите болници се во мрежата на јавните институции каде се вршат гинеколошки дејности кои се должни да овозможат услуга прекин на бременоста, а за организацијата е надлежен директор, министерството за здравство конечно реагира за да обезбеди на сите жени еднаква достапност на абортус по барање- пишува хрватскиот „Јутарњи лист“.

-Министерството ќе го спроведе законот и ќе стори сѐ жените во јавните болници да им овозможи право на абортус согласно законските одредби. Разговарано е со директорите кои ги потсетивме на нивните обврски- дека мора да имаат тим кој ќе извршува абортус- велат од хрватското министерство. Приговор со повикувањето на совест ќе се вметне во регистарот на дејност.

Прашањето за абортус на барање на жена во Хрватска се регулира со законот од 1978 година, а со години е осетливо општествено прашање кое ниту една политичка партија не сака да го отвори ниту да го регулира со нов модерен закон. Последица од тоа е политиката кон абортусите да се креира на ниво на секоја болница, од тоа дали воопшто ќе се спроведува до цената. Притоа нема пропишани закони за санкции на директорите кои едноставно не осигураат услуга за прекинување на бременоста на барање на жената.

            Според директорот на болницата Св.Дух во која не се врши абортус на барање на жена заради приговод на совест на лекарите, поинаку го толкува законот. Според него јавние болници не се должни да овозможат услуга за легално индуциран абортус. Во законот според него пишува „ прекин на бременост може да се изврши во болница каде има единица за гинекологија и акушерство“, а никаде не стои дека болницата тоа мора да го обезбеди. Но, додава „Јутарњи“, ако се вметне зборот „мора“ во таа реченица, би се толкувало дека „прекин на бременоста мора да се изврши“. Ако во законот стои дека жена „може да го изврши во болница“, тогаш логично е дека болницата мора тоа да го овозможи, заклучува весникот.

Според анализа на „Јутарњи лист“ во 20 хрватски болници, секој втор гинеколог поднел „приговор со повикување на совест“, во Загреб такви приговори поднеле две третини, во Сплит 95 проценти, додека во Риека и во Пула не бил поднесен ниеден таков приговор. Цените за абортус се движеле од 990 до 2500 хрватски куни.

Таа ситуација одговара на статистиката: лани во Загреб регистрирани се 145 абортуси, додека во истарската жупанија, каде живеат четири пати помалку жени во фертилни години, регистрирани се 349 абортуси. Во меџимурската жупанија пак каде има дури седум пати помалку жени со воздраст од 15 до 49 години споредено со Загреб, регистрирани се повеќе абортуси од метрополата.

Медицинската фела неофицијално со години посочува и предупредува дека состојбата е предизвикана најмногу заради фактот што абортирањата се прават илегално во приватни ординации, што е забрането со закон; потоа дека често ги вршат истите гинеколози кои во јавните болници поднеле „приговор на совест“; но и дека добар процент на тие абортуси се извршени токму во јавните болници. Во Хрватскиот завод за јавно здравје се пријавува друга дијагноза, како спонтан прекин на бременоста. Така, трошоците за абортусот ги намирува Заводот, а парите кои ги дава жената завршуваат во џебовите на докторите и на сестрите, Таа практика ја потврди и акцијата „Ординација“ спроведена во вараждинската болница, кога седум гинеколози се обвинети за такво дело. Само во една година по таа акција, бројот на пријавени абортуси нараснал за 2,5 пати.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top