| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски разговараше со амбасадорите на ЕУ за извештајот на ЕК

poposki_1301_g_0

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска одржа редовен состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. На средбата беа разгледани актуелности поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, особено во контекст на Стратегијата за проширување и клучните предизвици за периодот 2014-2015 година и Извештајот за напредокот, неодамна објавени од Европската комисија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, го потврди ставот дека шестата по ред препорака на ЕК за Република Македонија за отворање  пристапни преговори нуди потврда за оствареното високо ниво на подготвеност за почеток на преговорите и воедно претставува порака до Советот на ЕУ за неопходноста од итен ангажман за надминување на пречката за нивно отворање. Тој порача дека сите забелешки содржани во извештајот за напредокот ќе бидат внимателно анализирани. За дел од нив веќе се одвиваат активности за брзо надминување, додека другите од подолгорочен карактер ќе бидат преточени во мерки во акциски план на Владата.

– Останува стратегиската определба на Македонија за спроведување на реформите за ЕУ и за надминување на предизвиците, во интерес на Македонија и на нејзините граѓани. Од наша страна, ќе продолжи работата на областите каде што е потребен дополнителен напредок, но истовремено Европскиот совет не би требало да продолжи да ги игнорира препораките на Комисијата – истакнал министерот Попоски на состанокот со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top