Тие, љубоморните можат единствено да ми се лутат поради тоа што не успеав да го научам македонскиот јазик, а сакав многу, вели менаџерката на Тоше Проески, Љиља Петровиќ, во исповед за “Свет“ дадена седум години по смртта на балканскиот ангел. Таа додава:
„За сѐ останато не им дозволував да ми се приближат ниту на сантиметар до мене. Добро знам колку дадов од себе за кариерата на Тоше. Барав од него, тој во вистинско светло низ целиот свет, пред сѐ, да си ја претставува својата татковина Македонија. Го учев патриотски да размислува. Така и беше. А. мене и така и онака ме плукаа. Како да се натпреваруваа кој повеќе ќе ме исплука. Понекогаш тој чуден менталитет ми одеше на нерви, но потоа отрпнав. Тоше ме научи да не реагирам на провокациите, да си ја гледам својата работа. Но и знаеше и да ме одбрани од сите тие плукачи. За среќа, мене всушност народот ме сакаше, не ме сакаа некои други, небитни. Тоше толку ме сакаше мене, за мене знаеше да каже дека сум му втора мајка, толку многу колку што ја сакаше и својата земја Македонија, така што и мене по дома еднаш ме “прекрсти“ во Лиле Петровска!
Јас го запознав на неговата 20-годишна возраст преку едни мои пријатели од странство. Тој во тоа време работеше со „Авалон“ и сакаше да ја смени продукцијата, да најде друг менаџер. Коцкичките се поклопија кога бев на едно службено патување во Македонија. … многу ме вадеа од такт озборувањата дека бев во лоши односи со неговите родители, неговото семејство. Секогаш бевме коректини едни спрема други. Трагедијата ни се случи на сите нас, а јас многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше само да се спасам од оваа силна тага. Нема врска ниту тоа дека тие ме избркаа за времето на погребот на Тоше. Тоа го зборуваат лошите луѓе кои живеат со црните мисли. А, луѓе како луѓе. Имаше секакви околу нас. …вели Лиља во ексклузивната исповед која ја даде за печатеното издание на магазинот „Свет“, каде што може да го прочитате и остатокот од разговорот со неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот
-
Најмило мое – сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога би наполнил 37 години!