Малото беспилотно летало на кое беше закачено знамето на Голема Албанија и кое предизвика хаос и прекин на натпреварот на стадионот на Партизан е пронајдено, јавуваат српските медиуми.
Тамошната полиција го пронашла леталото во Панчево.
Лицето кај кое е пронајдено леталото е приведено и во моментов се наоѓа на сослушување во полициска станица.
Наскоро се очекуваат повеќе информации за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.