| четврток, 6 декември 2018 |

Џевад Прекази: УЕФА ја утна работата, Србија и Албанија не смееја да бидат во иста група

Џевад Прекази е Албанец по потекло од Косовска Митровица и фудбалер што беше легенда на Партизан и на југословенскиот фудбал. Живее во Белград и, веројатно, најави што ќе се случува во иднина. Ќе донесат ли во иднина УЕФА и ФИФА одлука Србија и Албанија да не можат да играат квалификациски натпревари меѓусебе, односно да бидат во иста група?

– УЕФА не смееше да дозволи Србија и Албанија да бидат во иста квалификациска група. И знам дека на овие простори, на нормалните луѓе им е доста од вакви инциденти. Колку би сакал да сме како Германците, да доаѓаме на стадион како нормални луѓе, навивачи, и да гледаме добар фудбал, без разлика на верските или националните чувства и определби. На овој хаос мора да му се стави крај. Не сакам да бранам ниту една страна за инцидентот во Белград. Ефектот е јасен, мечот е прекинат, а омразата само дополнително порасна. Такво нешто не е во духот на спортот и на фудбалот – вели Прекази.

По големиот инцидент во Белград, сосема е можно Србија и Албанија во иднина да бидат раздвоени при ждрепка за големите натпреварувања, како што тоа сега е случај со Шпанија и Гибралтар, односно со Ерменија и Азербејџан. Тие земји си имаат ненадминливи политички проблеми и не сакаат да играат меѓусебе, па УЕФА и ФИФА одбегнуваат да ги распоредат во иста група Шпанија и Гибралтар, односно Ерменија и Азербеџан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top