Сѐ позачестено во последните неколку денови, спортските арени се полигон за политички пораки, а во преден план се Албанците со знамето на Голема Албанија. И вчеравечер во Пеќ, во натпревар од балканската кошаркарска лига, се вееше политичкиот симбол што по секоја логика би требало да биде незамисливо и недозволено. Во Пеќ, на домашниот тим Пеја им гостуваа нашите кошаркари од Куманово и во драматична завршница загубија по продолженија со 88-89.
Трилер-мечот мина во сенка на политичките пораки и симболи од трибините во натпреварување што има меѓународен карактер. Исто како што беше фудбалскиот меч во Белград каде што играа Србија и Албанија и каде што со помош на беспилотно летало среде терен долета замето на Голема Албанија.
Вистинското прашање го постави претседателот на УЕФА, Мишел Платини: „Што ако леталото донесеше експлозив на теренот на Партизан?“. На ред да реагираат со вистински мерки и казни се токму челниците на УЕФА, предводени од легендарниот француски ас, секако и раководството на БИБЛ-лигата. За да нема евентуални жртви на спортските терени во име на политичките цели и амбиции на одредени структури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.