| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Во Сирија да се создадат безбедносни зони за заштита на населението

давит
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека е неопходно во Северна Сирија да бидат создадени безбедносни зони за заштита на
локалното население, јави ИТАР-ТАСС.
– Зоните треба да бидат создадени меѓу градовите Алепо, Идлиб и турската граница и во нив да бидат вклучени гранични градови, меѓу кои Кобане. А одлуката за создавање зони за безбедност треба да биде донесена од ОН – рече Давутоглу.
Турскиот премиер истакна дека Анкара не говори за создавање на „тампон зони, туку зони за безбедност“.
– Сакаме во тие зони да доаѓаат луѓе и да се безбедни. Исто така сакаме да биде создадена зона, забранета за летови, бидејќи тоа е услов за сигурноста на луѓето во зоните за безбедност – рече Давутоглу.
Тој истакна дека терминот „тампон зона“ има воен карактер, а Турција нема никакви претензии за теиторијата на „пријателската“ земја Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top