Многу фактори, како што се стресот и анксиозноста, може да го нарушат нивото на хормони во организмот, а доколку не обрнуваме внимание на промените, со месеци може да се мачиме со замор или, на пример, со грди промени на кожата.
Лошото расположение, постојаната исцрпеност, наглото растење влакна по телото или зголемено потење се само некои од симптомите кои телото ни ги дава како знаци дека нешто не е избалансирано во нашиот организам. Доколку забележите дека тие знаци ви го нарушуваат секојдневнието, секако мора да посетите лекар затоа што е голема веројатноста дека хормоните ви се нарушени и потребен ви е преглед на штитната жлезда.
Хроничен замор
Гинекологот Алиса Двек открила за „Тајм“ која е разликата меѓу нормалниот замор и заморот што треба да нѐ загрижи. Доколку сте уморни по некој важен деловен проект, кој барал од вас голем ангажман, тогаш тоа е во ред. Меѓутоа, доколку забележите дека сте изморени, а ништо не ви се променило во вообичаениот животен ритам, тогаш време е да посетите лекар. Има повеќе причини за постојана исцрпеност, но мора да се обратите на лекар, посебно доколку сте забележани промени во тежината, во апетитот и во расположението.
Промени по кожата
Одеднаш сте забележале дека состојбата на кожата се променила и се чувствувате како да сте во пубертет? Акните на кожата може да укажуваат на покачено ниво на тестостерон. За овој проблем постои решение и во тој случај докторот ќе ви препише лек за хормоните да се избалансираат и кожата повторно ќе биде чиста.
Неочекуван раст на влакненца
Во овој случај се работи за чуден раст на влакненцата кои често се многу темни и букнуваат за еден месец. Најчесто се појавуваат на брадата, градите и на задниот дел од рацете. Алиса Двек изјавила дека во ваков случај може тоа да бидат знаци и за тумор, но нагласува дека таквите случаи се многу ретки. Со лекарска помош тоа најчесто е решлив проблем
Нередовен менструален циклус
Исто како и заморот, нередовниот менструален циклус може да биде резултат на многу фактори како што се стресот, проблеми со штитната жлезда, ниско ниво на естроген или синдром на полицистични јајници. Генерално полицистичните јајници се лечат преку исхрана, физичка активност и со контрацептивни таблети, но тоа секако откако лекарот ќе ја пронајде точниот причинител.
Претерано потење во текот на ноќта
Одеднаш почнувате да се будите во текот на ноќта како да сте туширани. Можно е за тоа да е виновен естрогенот, односно дека е на ниско ниво. Обично овие проблеми ги имаат жените што влегуваат во период на менопауза, а може да се појави и десет години пред почетокот на менопаузата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.