Словенечкиот парламент одлучи синоќа да биде прекинат пратеничкиот маднат на поранешниот премиер Јанез Јанша, лидер на
опозициската Словенечка демократска партија, кој е осуден на две години затвор поради корупција.
– Врз основа на законите и фактот дека Јанша е осуден на повеќе од шест месеци затвор, неговиот мандат како член на парламентот е прекинат – соопшти словенечкиот парламент по вонредната седница.
Одлуката беше донесена со 58 гласа „за“ и шест „против“. Пратениците од неговата партија го бојкотираа гласањето. Јанша почна да ја отслужува казната на 20 јуни во затвор во близина на Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.