| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидентот во Белград го организирала албанската тајна служба?

dron stadion

Знамето на Голема Албанија е внесено во Србија една недела пред натпреварот. Беспилотното летало било лансирано од маж по кого трага српската полиција. Неговото наведување од ложата го продолжил братот на албанскиот премиер, Олси Рама, за кого има сомневања дека е главниот финансиер на акцијата, пишува српски „Курир“ повикувајќи се на свои извори од истрагата.

Пеколниот план да се предизвика хаос на натпреварот што се играше во Белград бил организиран и добро осмислен, подготвуван со недели и изведен за само десетина минути, а зад него стоела албанската тајна служба ШИШ. Главниот финансиер за целата акција бил братот на премиерот на Албанија, кој во ложата со мобилен телефон го наведувал леталото. Во подготовката и предизвикувањето на инциндентот учествувале поголем број луѓе, но сѐ било изведено и организирано од тајната служба, открива изворот за „Курир“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top