| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Тешко на ЕУ, која има кандидат за членство што му се заканува на целиот регион

Dacic

Ако моделот на Голема Албанија е модел на иднината за албанската влада, тогаш тешко на земјата на која таквото минатo ѝ е главна цел за иднината, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, реагирајќи на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека „Албанија е инспиративен модел на иднината“.

Тешко и на Европската унија, ако земја со такви опасни намери, која се заканува на целиот регион, се кандидира за членство, додава Дачиќ.

Според него, Србија заслужува критика за грешката околу организацијата, но Албанија заслужува најстрога осуда поради невидената провокација среде Србија и пред очите на телевизискиот аудиториум во светот.

– Со јавно и отворено истакнување на проектот Голема Албанија ѝ се закануваат на Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, но и на цела Европа и на светот, а притоа албанскиот премиер истакнува дека тоа е инспирација и модел на иднината за регионот. Европа и светот не смеат да останат неми над таква отворена закана за стабилноста на регионот. Инаку молчењето може да биде сфатено како одобрување, наведува Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top