| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Убивме неколку стотини џихадисти во Кобане

Kurdish-Islamic State conflict in Kobane

Неколку стотини џихадисти се убиени во американските воздушни напади во Кобане и во околината, но Исламската држава сè уште претставува опасност за градот и може да го заземе стратегискиот град лоциран на сириско-турската граница, соопшти Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјавил дека САД, според своите пресметки, во воздушните напади убиле неколку стотини борци на Исламската држава, како и дека поголемиот број на жители на градот побегнале поради напредувањето на екстремистите.

– Кобане и понатаму може да падне, и тоа како. ИСИЛ не ги крие желбите и ќе продолжи таму да испраќа борци – рекол Кирби. Тој додал дека Кобане, каде што веќе втор месец се водат борби, останале само неколку стотини жители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top