| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос: Бараме почитување на границите

venizelos-3Случувањата во Белград со големо внимание се следат и во Грција. По повод инцидентот се огласи и грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос кој побара почитување на границите.

– Спортските случувања мораат да бидат настани на пријателство, соработка и соживот меѓу луѓето. Секое поинакво толкување или користење на спортот и во други цели не е во ред. На Балканот имаме грди историски искуства и сигурен сум дека владите на двете соседни и пријателски земји, Албанија и Србија ќе ги осудат случувањата на натпреварот и ќе ја искористат можноста преку обраќање до јавноста и со преземени мерки да допринесат за регионалната стабилност, почитувањето на постоечките граници и заедничките европски перспективи на сите земји во регионот, изјавил Венизелос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top