Дронот кој синоќа влета на стадионот на Партизан среде квалификацискиот натпревар Србија-Албанија со знаме на Голема Албанија според првичните информации полетал од куполата на црквата Свети Архангел Гаврил. Свештеникот во црквата тврди дека сторителот на овој чин се искачил на куполата со јаже кое било закачено за крстот на централната купола.

– Некој веројатно се качил преку громобранот, на кој постојат скали, а потоа со јаже прицврстено за крстот на куполата стигнал до врвот. Конопот го затекнавме утрово како виси на крстот. Црквата се заклучува околу 19 часот, и дронот сигурно не е поставен на куполата до тогаш. Немаме ни осветлување, ни видео надзор иако неколку пати до сега баравме, вели свештеникот Илија Шмигиќ кој служи во црквата.
Протоерејот верува дека ваков потфат не може да биде испланиран и извршен за еден ден, туку дека акцијата е планирана недели наназад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


