Во текот на минатата година во Албанија се ограбени најмалку 17 аптеки, а кражбите продолуваат и годинава. Последната е регистрирана пред два дена во Тирана, што е седми случај годинава. Од вкупниот број кражби во аптеки, освен во Тирана, во Фиер се ограбени четири аптеки, по две во Корча и Драч и по една во Валона и Скадар.
– Чуден феномен се случува при грабежот на аптеките. Крадците не земаат пари, туку лекови и тоа оние најскапите, пишува весникот „Шекули“.
Арјан Јауплари, претседател на здруженоето на фармацевтите вели дека за жал досега не откриен ниту еден осомничен за кражбите. Тоа поради фактот што се пријавени мал број случаи, но и од оние кои се пријавени полицијата не расветлина ни еден од нив.
– Најголема опасност е што крадците украдените лекови ги продаваат по пониска цена на други аптеки, а уште позагрижувачки е фактот што најчесто тие им ги продаваат на пациенти без контрола, вели Јауплари.
Тој побара од полицијата и обвинителството да ги истражуваат овие настани, а до граѓаните упати апел да не купуваат лекови кои незаконски се продаваат, зашто тие може да бидат голема опасност по нивните животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија