| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Предвремени парламентарни избори ќе има

Го слушам Никола и вчера и завчера како вели дека за името ќе одлучувал народот. Никола, не се криј зад народот. Народот ќе одлучува за име за кое ти претходно си се согласил и кое со свој печат си го заверил – изјави лидерот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски, во салата во Виница.

Тој вели дека „народот може многу да издржи, но порано или подоцна чашата ќе се прелее“.

-Благодарение на вашата верба, доверба и решителност, во Македонија предвремени парламентрни избори ќе има. Ја го исполнил ветувањето на меѓународната заедница дека ќе го реши името, ја не го исполнил и по којзнае кој пат ги излажал, за Груевски нема бегање од народната казна – истакна Црвенковски.

Црвенковски се осврна и на медиумите, велејќи:

– Ајде да им вратиме затоа што од Македонија направија земја во која човек се плаши по телефон да зборува. Ги затворија сите критички настроени медиуми, а МТВ, Сител и Канал 5 станаа пералници на човечки мозоци. На 24 март мора да им вратиме за сите лажни тендери и анекси, за сите рекети што од стопанството ги наплатија.

Тој на митингот во Виница го претстави и кандидатот за градоначалник на здружената опозиција, Венцо Вуинов, истакнувајќи дека тој е човек за кој ги уверува неговите сограѓани дека ќе направи подобар град за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top