| четврток, 6 декември 2018 |

Ја изел лав додека се сексала со момчето

Шарај Маверу била растргната од лав додека водела љубов со момчето во грмушки, во близина на градот Кариби, во северниот дел на Зимбабве. Нејзиното момче, чиј идентитет не е соопштен, успеал да избега во моментот кога лавот ненадејно им пришол од зад грб, пренесува британски Мирор. Девојката починала на лице место поради тешките повреди што и ги нанел крволочното животно.

Пријател на двојката за тамошниот весник My Zimbabwe рекол дека Шарај работела како продавачка, а нејзиното момче било рибар и често се среќавале на тоа место.

-Само што почнале да имаат секс лавот им пришол од зад грб. Момчето успеало да побегне голо и од далеку гледал како животното ја растргнува девојката. Подоцна отишол да побара помош, изјавиле од локалната полиција.

Пред да стигнат полицајците на распарчената жена истрелале куршум во воздухот, а потоа пристапиле на местото на несреќата. По лавот убиец веднаш била покрената потрага, затоа што има сомневања дека убил уште еден човек кој исчезнал минатата недела, а чии остатоци биле најдени во близината на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top