Сеп Блатер и ФИФА имаат јасна порака за вчерашниот инцидент, а таа гласи: „Во фудбалот се забранети било какви политички пораки“.
Токму со таков пост на својот Твитер профил, претседателот на ФИФА го осуди инцидентот во Белград, на дуелот меѓу Србија и Албанија што не заврши на регуларен начин, туку е прекинат.
Сега УЕФА и Мишел Платини се на потег, бидејќи ова е квалификации за пласман на Европското првенство во Франција 2016, што се под надлежност на европската фудбалска федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



