Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Зоран Лаковиќ изјави дека од УЕФА стигнала наредба да се продолжи мечот меѓу Србија и Албанија, но гостите не биле во состојба да продолжат да играат.
– Се одржа кризен состанок на службените лица на УЕФА, судијата и претставници на двата сојуза, бевме во директна врска со УЕФА, а од Нион дојде наредба да се продолжи натпреварот со предупредување на стадионот дека мечот ќе биде прекинат и за најмал инцидент. Од УЕФА инсистираа да се продолжи натпреварот – изјави Лаковиќ за „РТС“.
Тој истакна дека играчите претставници на репрезентацијата на Србија во тунелот на стадионот на Партизан ги чекале претставниците на албанскиот тим, но тие во соблекувалната решиле дека не се во состојба да го продолжат натпреварот.
На прашањето дали Албанците барале да се испразни стадионот, Лаковиќ изјави дека имало неколку опции и сето тоа ќе биде прикажано во официјалните соопштенија.
– Тоа ќе оди на дисциплинска комисија на УЕФА. Сигурно ќе се бараат и дополнителни извештаи – додаде Лаковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



