
Култното место на светската клупска сцена „Студио 54“ повторно ќе оживее, но во мемоарите на поранешниот сопственик кој раскажува што се случувало зад затворените врати.
Секс, дрога и реки алкохол течеле во култното студио во Њујорк, раскажува Марк Флишмен, кој во 1981 година го купил од неговите основачи Стив Рубел и Ијан Шагер, пишува „Дејли мејл“.

Во мемоарите ќе биде опишано како „Студио 54“ станало епицентар на „културата на дрогата“ во Њујорк и како славните личности доаѓале во неговата канцеларија „да повлечат линија“ пред да почне забавата.
Забава без граници и отворен секс биле главните адути на „Студио 54“ кое славните ги обожавале.
Така на пример, Мајкл Џексон често танцувал заедно со ди-џејот, далеку од другите гости.
Клубот станал многу познат благодарејќи на гостите како Енди Ворхол, Кит Ричардс, Џон Белуши, кои се забавувале со шампањско и кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


