| четврток, 6 декември 2018 |

Србија се соочува со дисквалификација?

srbija-albanija

Најстрогата казна со која може да се соочи репрезентацијата на Србија е дисквалификација од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2016 година, коментираат странските медиуми.

Српските медиуми пишуваат дека УЕФА инсистирала по инцидентот мечот да продолжи, а за такво нешто се залагал и лично Мишел Платини. Сепак, албанската делегација одбивала да го продолжи натпреварот без да ѝ бидат исполнети одредени услови, како што е испразнување на трибините.

По консултацијата во гардеробата, пак, албанските фудбалери одлучиле дека нема да излезат на терен затоа што „не можат да се концентираат на играта“.

Стручњаците за правилниците на УЕФА најавуваат дека е можно, по инцидентот во Џенова, овојпат српската репрезентација да биде дисквалификувана од овие квалификации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top