Протестите се демократско право, но ја осудуваме злоупотребата на верските објекти, порача портпаролот на ИВЗ Абаз Ислами за Канал 5. Исламската заедница ја повика полицијата да ги казни сите што предизвикале нереди на протестите, без разлика од која националност припаѓаат, а од политичките партии ги повика да не повикуваат на меѓуетничка нетрпеливост.
-ИВЗ ги следи последните настани во државата. Ние сме за да се одржуваат протести затоа што тоа е демократско право, но сме против злоупотребување на верските објекти. Вчера испративме соопштение во кое повикавме да не се случуват такви работи. Од МВР бараме да се најдат сите тие што прават нереди , така да се приведат не само тие што го палат македонскот знаме, туку и тие што го запалиле и албанското знаме. Бараме и од самите политички партии во предизворната кампања да не повикуваат на меѓуетничка нетрпеливост, рече Абаз Ислами за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија