Во Белград е приведен Орфи Рама братот на албанскиот премиер Еди Рама, кој се наоѓал во ВИП ложата на стадионот каде се играше фудбалскиот меч Србија- Албанија.
Според српскиот јавен сервис РТС, братот на премиерот на Република Албанија е осомничен за организатор на провокацијата по која мечот е прекинат пред крајот на првото полувреме кога со летечки дрон на далечинско управување беш развеано знамето на Голема Албанија.
Српската полиција за РТС потврдила дека Орфи Рама со далечинско го управувал летечкиот дрон од ложата на стадионот, од каде го следел натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.