
Натпреварот Србија-Албанија во Белград дефинитивно е прекинат. Делегатот соопшти дека натпреварот е прекинат поради вознемирувачки работи на теренот. Српските навивачи се поздравија со навивачите, албанските не излегоа на терен. Поставија услови за да се вратат и да го доиграат мечот – да играат без публика. Навивачите полека ги напуштаат трибините. Засега е мирно.
Неофицијално утре ќе се одигра нов меч. Не се знае дали ќе се продолжи од 41.минута, кога беше прекинат поради тоа што хеликоптер со знаме на Голема Албанија прелета на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


