| четврток, 6 декември 2018 |

Младите шпански ѕвезди елиминирани од баражот за ЕП

Актуелниот освојувач на Европското првенство за играчи до 21 година репрезентацијата на Шпанија непријатно е изненадена од соодветната репрезентација на Србија во Кадиз на реванш мечот од баражот за Европското првенство 2015 година со 1-2.
Големите фудбалски имиња во светот, Иско, Ел Хадади, Муниаин, Делуфеу немаа решение за анонимните момчиња од Србија.
Првиот натпревар одигран кај нашиот северен сосед заврши 0-0 и се чинеше дека реваншот ќе биде вистинска формалност.
Така не размислуваа и избраниците на селекторот Чурчиќ кои се надминаа себеси и славеа со 2-1 и сосема заслужено се пласираа на ЕП. Селекторот на Србија неможеше да смета на дури шест играчи кои беа носители на играта во квалификациите бидејќи се прекомандувани во сенироскиот состав.
Шпанија е двоен шампион на европските првенства за играчи до 21 година, и со овој пораз нема да има можност да го брани тронот следната година во Чешка.
Резултатот беше отворен со автоголот на Луис Гаха по што поведе Србија во 31 минута. Во текот на целиот натпревар Шпанија ја имаше иницијативата и не успеа да реализира неколку шанси. Сепак голманот на Србија капитулираше на почетокот од судиското продолежние преку голот на Роберто. Шпанците се понадеваа дека можат да дојдат до победа и со сите сили тргнаа во офанзива во останатите 3 минути од натпреварот. Тоа го искористи Костиќ кој со брз контра-напад успеа да го постигне конечниот резултат.

Во останатите бараж средби се постигнати следните резултати:

Резултати од бараж натпревари за ЕП 2015:

Хрватска – Англија 1-2 (1-2)
Германија – Украина 2-0 (3-0)
Португалија – Германија 5-4 (2-0)
Шпанија – Србија 1-2 (0-0).
Исланд – Данска 1-1 (0-0)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Натпреварот Шведска – Франција се игра подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top