| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена болничарка, убивала досадни пациенти

bolnicarkaВо Италија е уапсена болничарка за која постои сомнеж дека убила 38 пациенти, затоа што тие или членови на нивните семејства, ја нервирале, соопштија официјални полициски претставници.

Осомничената Даниела Поџијали (42) е уапсена во својот роден град Луго, на северот на Италија.

Кај неа е пронајдена и „селфи“ фотографија на која со кренат палец позира пред еден пациент кој неодамна починал, објави весникот „Кориере дела Сера“.

uhapsena1410Полицијата се посомневала дека таа е одговорна за смртта на еден повозрасен пациент кој во болницата бил сместен со полесно заболување. По обдукцијата, меѓутоа, било утврдено дека пациентот починал од вбризгување супстанца која предизвикува срцев удар, а чии траги во крвта се губат по неколку дена.

Истрагата покажала дека болничарката најверојатно е одговорна и за смртта на уште најмалку 38 пациенти. Сите тие, наводно, биле убиени годинава.

Најмалку 200 сведоци дале искази против „најлошата болничарка“.

Државниот обвинител Алесандро Манчини на прес-конференција изјави дека Поџиали не се противела на апсењето и дека била тивка.

Некои од нејзините колеги изјавиле дека била „студена личност, но секогаш расположена да работи“. Други, пак, навеле дека се сомневале оти на крајот од смената на пациентите им давала лаксатив за да ги нервира и посрамоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top