| четврток, 6 декември 2018 |

Сакал да ја врати купената жена во Македонија

Американец од албанско потекло се обидел сосила да ја натера сопругата да се врати во Македонија затоа што го пријавила во полиција за малтретирање

Лирим Руфати

Лирим Руфати

Американец од албанско потекло се обидел сосила да ја натера сопругата да се врати во Македонија затоа што го пријавила во полиција за малтретирање.

Според тоа што младата Албанка од Македонија и го кажала на репортерката на „Унионвил тајмс“, дневен весник во американската држава Пенсилванија, нејзиниот сопруг Лирим „Лени“ Руфати (24) постојано ја тепал, силувал и ја понижувал уште од февруари минатата година, кога таа стигнала во САД. Руфати нејзе ја купил од нејзините родители во Македонија и веднаш ја донел во градот Вест Гошен.

Руфати кој живеел во стан заедно со брат му и неговиот син, постојано и се заканувал дека ќе ја врати во Македонија. Жената сепак му се поверила на соседот, и кога Руфати пак ја нападнал, соседот повикал полиција. По сослушувањето жената била однесена во некој хотел во градот, но Руфати го нашол хотелот, ја земал во автомобил и тргнал да ја носи на аеродром за Македонија. Таму таа успеала да го привлече вниманието на полицајците. Им рекла дека со сила ја носи на аеродром, дека не смее да се врати во Македонија бидејќи повеќе не е невина, а нејзиното напуштање на сопругот ќе донело многу срам за нејзиното семејство.

Руфати е уапсен и притоврен, а судијата за него определил 250.000 долари кауција, ако сака да се брани од слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top