Дарко Станиќ нема да биде дел од составот на српската репрезентација на претстојните квалификациски мечеви против Црна Гора и Израел. Тој разговарал со селекторот Дејан Периќ, а по одлуката да не игра на претстојните мечеви, останува отворена можноста во иднина повторно да се приклучи на тимот. Периќ вели дека разговорот со станич бил отворен и конкретен. Разговарале што е најдобро решение за Станиќ во националниот тим.
„Овој пат може и без мене“ – му рекол Станич на Периќ. Српскиот „Журнал“ пишува за средбата на голманот со селекторот, која се оддржала во Скопје. Во Скопје Периќ се сретнал и со останатите српски ракометари кои играат за Вардар и Металург.
Станиќ неодамна го раскина и договорот со Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.