Сисачко-мославската полиција покрена обвинение за кривична пријава против актерот Емир Хафџихафизбеговиќ поради предизвикување сообраќајна несреќа. Актерот налета на сопрено возило на автопат и тешко ја повреди личноста која подоцна почина во болница. Несреќата се случи кај Новска во насока кон Загреб, на делот каде што се изведуваат работи за санација на мостот. На нереќата и претходеше рушење и оштетување на сообраќајната сигнализација и маркери кои ја означуваат зоната на работа од страна на непознат возач кој не застанал туку продолжил понатаму. Откако го продолжил патот на делот каде се изведувале работите ги дупнал гумите и додека ја менувал гумата на него налетал авомобилот на актерот, кој притоа ја повредил една од сопатничките која подоцна им подлегна на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.