| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Европскиот парламент: Ние сме Франкештајнова Европа

martin-schultz-1024x681

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, тврди дека ЕУ, поради недостиг од демократија, се претворила во чудовиштето Франкенштајн.

Според него, главниот проблем е непочитувањето на принципот за поделба на власта, еден од основните столба на демократијата.

– Националниот суверенитет во Европа се заснова врз поделбата на власта: имаме влади кои парламентите може да ги соборат и судови кои внимаваат да се почитуваат правилата – истакна Шулц.

Тој тврди дека во институциите на ЕУ се вградени само делови на оваа рамка, но не и поделбата на власт.

– Тоа е она што јас го нарекувам Франкенштајнова Европа – додаде Шулц.

Претседателот на ЕП за Европската комисија истакна дека е најнедемократска институција на ЕУ бидејќи е подложна на минимален надзор врз пратениците и „само ги оттуѓува луѓето“.

Шулц смета дека решението е во огромни реформи, со кои ќе се намалат овластувањата на ЕК на штета на Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top