| четврток, 6 декември 2018 |

Зак изненади со својата вита става (фото)

Популарниот актер Зак Галифијанакис, кој се прослави со улогата во филмот „Мамурлук“, ги изненади сите кога се појави на премиерата на филмот „Birdman“.

Комичарот, кој се нема појавено во јавноста од крајот на минатата година, ги изненади сите поради тоа што драстично ги намалил килограмите, а на прес- конференцијата објасни зошто го немало толку долго.

52nd New York Film Festival - "Birdman Or The Unexpected Virtue Of Ignorance" Premiere

– Да си славен е глупаво, мене тоа не ме интересира. Сакам да бидам актер и тоа е тоа. Мислам дека славата ја измислиле луѓето. Претпочитам да си ја вршам својата работа и по сето тоа би отишол дома да гледам телевизија. Ме буни сето тоа. Претеруваме со славните како да излечиле рак. Понекогаш сето тоа ми е гадно – изјави Зак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top