Вечното македонско дерби во Битола, меѓу Пелистер и Вардар, заврши без голови, во меч што понуди многу малку. Шанси речиси и да немаше, а големите ривали си освоија по еден бод.
Вардар останува лидер на табелата, но под палката на новиот тренер, Никола Илиевски- Џиџи, сè уште нема победа, вклучувајќи го денешниот дуел со Пелистер и седумтте подготвителни натпревари.
Во Битола денеска не беше интересно ниту на теренот ниту на трибините, бидејќи гостинските навивачи „Комити“ не допатуваа. Домашните ја имаа подршката од публиката, но не го најдоа патот до голот на Вардар. Фаворитот од Скопје, исто така, не успеа да ја погоди мрежата на Коруноски, па мечот заврши без победник и без голови.
Во вториот натпревар одигран денеска во Штип, Напредок со 1-0 го победи домаќинот Брегалница. Стрелец на голот беше Димовски во 68. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст