
Со впечатливата имитација на хрватската ѕвезда Северина и со атрактивниот изглед, Елена Ристеска ги освои симпатиите на жирито во првата емисија на шоуто „Твоето лице звучи познато“, коja се емитуваше неделата, на „Сител“.
– Сите ме прифатија и многу лесно се навикнав, затоа што целата екипа на „Емоушн“ и натпреварувачите се многу пријатни и одлични за соработка. Поради себе, но и затоа што ми се потребни критики, позитивни или негативни, ми недостигаат најблиските, родителите, сестра ми, пријателите. Но најмногу од сè мојот сопруг и внуката, која се роди пред еден месец. Желна сум да ја видам – открива пејачката за „Дневник“.
Пејачката открива дека поради слабата физичка форма, во почетокот ѝ било тешко да се навикне на пробите и на вежбањето, но сега тоа е минато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


