Сопругата на познатиот американски актер и сценарист Џорџ Клуни – Амал Аламудин, во својство на адвокат, заедно со уште двајца нејзини колеги синоќа пристигна во Атина. Таа ќе ѝ помага на грчката влада во судскиот процес со Британскиот музеј за враќање на мермерните скулптури од Партенон, соопштуваат грчките медиуми.
Грчкото Министерство за култура ја покани Амал во Атина на 7 октомври 2014 година. Посетата на Аламудин е на покана на грчката Влада.
Денес Амал Аламудин ќе биде примена од грчкиот премиер Андонис Самарас и ќе се сретне со министерот за култура Констанинос Тасулас.
Се смета дека и двајцата адвокати што ја придружуваат Аламудин се експерти во случаи што се однесуваат на културно наследство. Адвокатите доаѓаат да ја консултираат владата во Атина во врска со прашањето за враќање на мермерните скулптури од Партенон, изнесувани од британскиот амбасадор во Константинопол лорд Елгин во текот на десет години од 1800 година до 1810 година, потсетува БТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



