Турски воени авиони нападнале позиции на курдските борци во југоисточна Турција на 12 октомври, јавија турските медиуми.

Ова е првата воздушна операција против бунтовниците од почетокот на мировниот процес пред две години, пишува весникот „Хуриет“.
Осудениот лидер на Курдската работничка партија ПКК Абдулах Оџалан, кој служи затворска казна, предупреди на почеткот од октомври дека мировните преговори би можеле да бидат прекинати доколку на екстремистите на Исламската држава им биде дозволено да извршат масакар во курдскиот град Кобане во Сирија.
Од турската Армија велат дека вооружените сили одговориле „на најстрог начин“ на гранатирањата од страна на курдските бунтовници.
Курдите во Турција минатата недела протестираа во неколку градови поради неучеството на Турција во акциите против милитантите на Исламската джрава, кои го држат под опсада градот Кобане на сириско-турската граница.
Битките во Кобане принудија илјадници Курди да пребегаат во Турција.
Инаку, Турција, САД и ЕУ партијатас ПКК ја сметаат за терористичка група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


