Долниот дом на британскиот Парламент усвои синоќа со 274 гласови за и 12 против необврзувачки предлог да се признае државата Палестина, по шестчасовна дебата.
Тоа нема да ја промени официјалната блискоисточна политика на Владата, но е важен симболичен гест во поддршка на каузата на Палестинците, кои сакаат да имаат своја држава.
Премиерот Дејвид Камерон, членовите на Владата, како и многу пратеници, не гласаа.
Дебатата во британскиот Парламент уследи по неуспехот на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците во април и по разорната војна меѓу израелската војска и Хамас, во која загинаа 2.200 Палестинци и 73 лица на израелска страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



