| четврток, 6 декември 2018 |

Моден перформанс на македонските модни блогерки

blogerki

Во текот на октомври и ноември ќе бидат претставени македонските модни марки за сезоната есен-зима 2014. Модната марка „Л бренд“ (Le Brand) на дизајнерката Лили Кадинска, во соработка со „Лотус дизајн стор“ (Lotus Design Store) и неколку македонски модни блогерки, ја претстави новата колекција есен-зима 2014.

blogerki1

– Идејата е да ги собереме македонските дизајнери на едно место и да ѝ ги покажеме на публиката. Нашата работа не е само теорија и атракција, туку е продукт кој може да се употебува, да се носи, врз кој може да се седи, производ кој може да не направи среќни и задоволни што го поседуваме – вели Анита Гај, дизајнер оснoвач на концептуалната продавница „Лотус дизајн стор“.

blogerki2

Промоцијата беше изведена на еден невообичаен начин, со изведба на моден перформанс од страна на македонските модни блогерки, кои ги комбинираа дизајните од новата колекција на „Л бренд“ со сопствени парчиња облека. Перформансот го изведоа блогерките: Илина Драгославска (Dihmension Мagazinе), Александра Спасеска (Vezilka), Азизе Демиши (Rose), Сандра, Калина и Ива (Skopje Casual) и Мери (Makedonski moden blog).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top