| четврток, 6 декември 2018 |

Пензиите линерано зголемени за 550 денари

penzioneri

По 550 денари повисоки февруарски пензии добија денеска 286 илјади пензионери во Македонија. Министерот за финасии, Зоран Ставрески, се пофали дека Владата го реализира ветеното.

– На овој начин директно го помагаме животниот стандард на пезионерите. Секако, средствата никогаш не се доволно, но секое зголемување во вакви тешки времиња значи многу. Ние тоа го ветивме и го реализиравме – изјави Ставрески по средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Тој најави дека Владата планира да ја продолжи политиката на зголемување на пензиите и наредните две години, но тоа ќе биде условено од општите економски услови.

Ставрески потсети дека освен зголемувањето на пензиите, во изминатиот период се реализирани и низа мерки со кои се подобруваат условите за живот на пензионерите, како што се намалувањето на цените на лековите, обезбедувањето на бесплатниот престој во болниците и бесплатниот јавен превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top