| четврток, 6 декември 2018 |

Радикални исламисти нападнале монахињи во Пеќката патријаршија

pecku-patrijarsiju-obezbeduje-kps-345150-velikaПо манастирот во Високи Дечан, радикални исламисти ја нападнале и Пеќката патријаршија во Косово.

Според српски „Курир“, вехабист се обидел насилно да влезе во дворот на манастирот, а откако не успеал, викал и ги навредувал монахињите, кои се на возраст од 70 до 90 години.

– Поголем инцидент спречила полицијата што ја чува Патријаршијата. Истрагата за нападот е во тек, како и за случајот во Дечан, чие сквернавење е продолжено и вчера со испишување нови пароли на ИСИЛ. Приведен бил вехабистот Мухамед Беќири (22), кој од претходно бил познат по неговото екстремно однесување. Истражните органи му одредиле притвор. Радикалните исламисти се обучувани на боиштата на Блискиот Исток и предизвикуваат инциденти во спрега со ветерани на УЧК – вели извор на српски „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top